Ален Рустемовски убедливо славеше над Шкотот Девлин во првото коло од СП

Maкедонскиот боксер Ален Рустемовски успеа да ја мине првата пречка на Светското боксерско првенство за сениори во организација на ИБА. Во првото коло Рустемовски убедливо славеше против Николас Девлин од Шкотска со 5-0 во поени. Во следното коло нашиот боксер ќе се судри со – Акмал Убедиов од Таџикистан.

Второ коло обезбеди и Арјан Исени, кој славеше над Деепак Шреста од Непал и за следен противник го доби Некруз Салимов исто така од Таџикистан.

Светското првенство се одржува во Дубаи, Обединети Арапски Емирати. На истото учествуваат 428 боксери од 118 селекции. Наградите се 300.000 долари за златен медал, 150.000 долари за сребро, 75.000 долари за бронза и за четвртфинале 10.000 долари. 25% од премијата ќе оди за федерацијата, истиот износ за тренерот, а половината е за боксерот.