Ален Рустемовски со технички нокаут го победи Босанецот Декиќ во Таранто

Македонскиот боксер Ален Рустемовски успешно го започна настапот на Медитеранските игри во Таранто, откако во категоријата до 60 килограми славеше над претставникот на Босна и Херцеговина, Михајло Декиќ.

Рустемовски беше подобар во текот на борбата, а победата ја обезбеди со технички нокаут во третата рунда. Македонскиот боксер имаше целосна предност и на судиските листи. По првите две рунди четворица судии го оцениле мечот со 20:18 во негова корист, додека петтиот судија му дал уште поубедливо водство од 20:17.

Со овој триумф, македонскиот боксер продолжува во следната фаза од турнирот и останува во игра за медал. Боксeрската програма на Медитеранските игри трае од 22 до 27 август. 

Следен противник за нашиот Рустемовски ќе биде Ариол Зенели од Албанија.