Ален Рустемовски освои злато на турнирот „Мустафа Хајрулаховиќ-Талијан“ во Сараево

Најдобриот македонски боксер, Ален Рустемовски, го освои златниот медал на Меѓународниот боксерски турнир „Мустафа Хајрулаховиќ – Талијан“ во Сараево.

Битолчанецот во финалето славеше против со Јапонецот Харада Шудаи со едногласна судиска одлука 5-0.

Резултати:
60кг. Ален Рустемовски –Муатез Бахагра (Алжир) 5-0

Финале:
60кг. Ален Рустемовски – Харада Шудаи (Јапонија) 5-0

На турниурот настапија 120 боксери од 20 држави во светот.