Ален Рустемовски најдобар боксер на „Мирослав Петровиќ“ во Куманово

Браќата Ален и Адријан Рустемовски забележаа нови успеси во боксерскиот ринг. Членовите на боксерскиот клуб Пелистерски Јунак триумфираа на Меѓународниот меморијален бокс турнир „Мирослав Петровиќ“ во Куманово.

Ален Рустемоски во категорија до 60 килограми во сениорска конкуренција во финалето го победи Драган Груиќ од Словенија, со 3-0 на поени. Токму Ален беше избран за најдобар боксер на турнирот.

Адријан, пак, имаше две борби. Во полуфиналето со 2-0 го совлада претставникот од Романија, Александар Попеску, додека во финалето беше подобар од боксерот од Молдавија, Владимир Меленциуц исто така 2-0.

На турнирот настапија боксерски имиња од Италија, Турција, Австрија, Молдавија, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Бугарија, Албанија, Романија, Полска и Македонија.