• Зоран Мишевски
Најдобриот македонски боксер, Ален Рустемовски ги заврши настапите на Светското првенство под сакрилата на ИБА во Дубаи. Битолчанецот Рустемовски загуби во осминафиналето со едногласна одлука со 0-5. во осминафиналето.
Наша последна надеж на шампионатот е Арјан Исени, кој во осминафиналето ќе се сретне со Некруз Салимов од Таџикистан.
Светското првенство се одржува во Дубаи, Обединети Арапски Емирати. На истото учествуваат 428 боксери од 118 селекции. Наградите се 300.000 долари за златен медал, 150.000 долари за сребро, 75.000 долари за бронза и за четвртфинале 10.000 долари. 25% од премијата ќе оди за федерацијата, истиот износ за тренерот, а половината е за боксерот.