• Редакција Gol.mk
Македонскиот бокс пред нов голем успех. На Светскиот Куп, кој се одржува во Будва, Црна Гора од 15 до 20 март, нашиот најдобар боксер, битолчанецот Ален Рустемовски во четвртфиналето успеа да го совлада молдавскиот боксер Владимир Миленчиук.
Во полуфиналето, Ален за противник ќе го има боксерот од нашиот јужен сосед, Георгиус Плеас.
Сепак, поради скината аркада во четвртфиналниот меч, шансите на Ален да му биде дозволено да се натпреварува се 50-50, а знаејќи кој му е противник, сигурно ќе се направи сè што треба за да не му се дозволи настап.