• Зоран Мишевски

Еден од најталентираните македонски боксери, битолчанецот Ален Рустемовски со одлично индивидуално постигнување се враќа во Косово. Алем настапи на Меѓународниот Боксерски турнир на независноста, кој се одржа во Приштина.
Ален боксуваше во категоријата до 57 килограми и запиша победа против Луар Алиу Ален од Косово, победувајќи го на поени со 5-0 и беше прогласен за најдобар техничар на турнирот. Со ова признание Рустемовски го покажа на дело својот неспорен талент и ако продолжи да напедува ќе достигне високо ниво.
На меѓународниот турнир настапија боксери од Швајцарија, Албанија, Словенија, Косово, Германија и Македонија.