• Зоран Мишевски
Ентони Џошуа го победи албанскиот боксер Кристијан Пренга со нокаут во втората рунда, иако претходно двапати беше соборен на подот. Борбата понуди неверојатна драма, бидејќи Џошуа успеа да се врати од работ на пораз откако во првата рунда дури двапати се најде на подот.
Само 20 секунди по почетокот на борбата, Кристијан Пренга упати разорен десен аперкат кој силно го погоди Џошуа и го испрати на подот. Иако Британецот стана, неговите нозе беа видно нестабилни. Пренга го искористи моментот, продолжи со агресивни напади и со уште еден силен удар повторно го собори Џошуа на платното при крајот на рундата. Џошуа успеа да го издржи судиското броење и да ја дочека паузата благодарение на своето искуство.
Highlights of Anthony Joshua's epic comeback victory against Kristian Prenga in Jeddah #JoshuaPrenga | Exclusively on DAZN pic.twitter.com/T6bq3x0tUF
— Ring Magazine (@ringmagazine) July 25, 2026
На почетокот на втората рунда, наместо да продолжи со притисок, Пренга изненадувачки се повлече во дефанзива. Ентони Џошуа ја искористи пасивноста на Албанецот, го намести со директ и потоа упати страшна серија десни крошеа. Пренга падна тешко во аголот на рингот. Судијата изброја до десет и го прекина мечот на 2 минути и 34 секунди од втората рунда.