Албанецот Вјерда е победник на „Златен гонг“, Муаремовски најдобар македонски боксер

Беким Вјерда од Албанија е освојувач на „Златниот гонг“ - најстарото натпреварување во бокс во нашата земја, откако во финалето го совлада Никола Стевановиќ од Србија. Денис Муаремовски е најдобар македонски боксер, а најдобар техничар е Виолент Сулејмани.

Најдобар странски боксер е Лазар Станоевиќ, Кристијан Ходак од Хрватска е најдобар тренер, а Србинот Бранислав Дамајановски е најдобар судија.

Македонија остана без победа на 47-то издание на „Златен гонг,“ една година откако Гоце Јанески го освои натпреварувањето. Алмир Нуришов загуби од Ардит Муња од Албанија, а Артан Алиу беше поразен од Албанецот Индрит Соколи.

Натпреварувањето успешно го организираа Боксерската федерација на Македонија и Агенцијата за млади и спорт. Дводневните натпревари во СЦ „Борис Трајковски“ донесоа одлични борби и добра посета, што е потврда дека македонската публика сака бокс.