АИБА првпат ќе доделува парични награди за медалистите од СП во бокс

Првпат во 75-годишната историјата, Интернационалната боксерска асоцијација (АИБА) ќе им додели на медалистите парични награди на претстојното Светско првенство во Белград.Фондот за наградите е поставен на 2,6 милиони американски долари.

Златните медалисти ќе добијат по 100.000 долари, освојувачите на сребрени медали по 50.000 долари, бронзените 25.000 долари.

Претседателот на АИБА, Умар Кремлев изјави дека боксерите заслужуваат награда од федерацијата за нивното време и труд.

„Ова е првпат АИБА да ги награди финансиски медалистите на Светските првенства. Овие пари се заслужени земајќи ги предвид годините на подготовки и направените напори потребни за да се освои место на подиумот. Знаеме дека овој развој ќе биде голема придобивка за нашите боксери. Не само што треба да бидат успешни во рингот, туку и задоволни и просперитетни“, додаде Кремлев.

Светското првенство во бокс ќе се одржи во Белград од 24 октомври до 6 ноември.