• Зоран Мишевски

Интернационалната аматерска боксерска федерација (АИБА) донесе радикална одлука и ѝ ја одзеде организацијата на Светското првенство на Индија. За нов организатор е именувана Србија, односно главниот град Белград.
Њу Делхи и на Индија не ги уплатија парите кои беа договорени со АИБА и сега изречена е казна на Индискиот боксерски сојуз во висина од 500.000 евра. Индијците се разочарани од одлуката на АИБА и велат дека проблемот со трансферот на парите е функционирањето на банките во услови на пандемија со ковид-19.
АИБА во 2019 година беше суспендирана од Интернационалниот Олимписки Комитет поради сомнеж за финансиски малверзациии и проблеми со управувањето на Светската боксерска федерација.