АИБА им дозволи на руските боксери да учествуваат на Олимпијадата

Светската боксерска асоцијација даде дозвола и 11 руски боксери ќе учествуваат на Летните Олимписки Игри во Рио Де Жанеиро.

АИБА целосно им верува на руските боксри кои никогаш не биле позитивни на допинг тестовите кои се извршени во последниот олимписки циклус.

Интернационалниот Олимписки Комитет им даде дозвола на сите спортски федерации сами да одлучат дали ќе им дозволат на спортистите од Русија за настап на Олимпијадата во Рио. Единствено светската атлетска федерација стави вето и не дозволи руските атлетичари да настапат во Бразил.