160 килограми тешкиот Фјури: Кога можев да ја победам депресијата, можам сè

Британскиот боксер, Тајсон Фјури по кратката пауза ги започна припремите за враќањето на рингот. Поранешниот шампион во тешка категорија кој поради конзумирање на кокаин го загуби појасот освоен против Владимир Клично, изјави дека кога можел да ја совлада депресијата, во иднина може да победи сè. 

„Јас сум дебел човек, но никогаш килограмите не ми претставуваа проблем. Сум ослабил можеби 24 пати во мојот живот. Го напуштив најмрачното место каде сум живеел и кога можев да ја победам депресијата, тогаш можам да победам сè. Тоа беше најтешката борба во мојот живот“, вели Британецот. 

Ако се земе предвид тоа што сега тежи 160 килограми скоро е невозможно на рингот да го видиме оној стариот Фјури од 2015 година, кога во спектакуларна борба го победи Кличко.