Министерот за спорт Борко Ристовски, денес го пречека македонскиот боксер Ален Рустемовски и му честиташе за историскиот успех и освоениот бронзен медал на Европското сениорско првенство во Софија, Бугарија. Рустемовски со три последователни победи стигна до полуфиналето во категоријата до 60 килограми и го обезбеди бронзениот медал за Македонија. Со овој резултат Македонија повторно има европски медал во сениорски бокс, прв пат по 2008 година кога Вели Мумин освои бронза на Европското првенство во Ливерпул.