Актуелниот шампион во Мото ГП, Хорхе Мартин, најави дека ќе ја напушти екипата на Априлија по завршувањето на сезоната 2025. Како што веќе беше најавено уште на почетокот на месецот, Мартин планира да ја искористи специјалната клаузула во договорот што му дозволува прекин на соработката, доколку по трката за ГН на Франција не се најде меѓу водечките во генералниот пласман.