Нашиот најголем и најуспешен, млад мото-крос талент, Антонио Дамјановски, трикратен македонски државен шампион во 2019/20/21 година, заедно со Адора Бизнис групацијата, во сезоната 2022 се бори за нови национални, балкански и европски победи.
Во духот на 20-годишната општествено одговорна традиција, Адора, потврдениот поддржувач на младите, спортот и спортистите, застана како генерален спонзор зад 15-годишниот битолчанец Дамјановски, во неговата амбиција за постигнување нови успеси на мото-крос трките. Целта на Адора е да го поддржи Дамјановски, во подготовките и учеството на мото крос натпреварите кои го очекуваат, на кои тој досега постигнал триесеттина врвни резултати и добил највисоки спортски признанија.