Џорџ Расел дојде до првата победа во својата Формула 1 кариера, откако ги искористи околностите и ја потврди одличната форма на патеката „Интерлагос“ во Бразил. Трката за Големата награда на Бразил заврши со „еден-два“ победа на Мерцедес, првпат оваа сезона, во која доста се мачеа и не беа доволно конкурентни.