Хонда направи промена во својот инженерски тим задолжен за развој на погонската единица, откако незадоволителните резултати во Формула 1 продолжија да му создаваат сериозни проблеми на Астон Мартин. Јапонскиот производител го отпушти Тетуши Какуда, инженерот кој беше задолжен за унапредување на погонската единица, а на неговото место од 1 октомври ќе дојде Јоичиро Фукао, досегашниот заменик на главниот развоен инженер на Хонда.