Светскиот шампион во Формула 1 шампионатот, Британецот Луис Хамилтон, свесен е дека односот со неговиот клупски колега, Нико Розберг не е на највисоко ниво. Тој признава дека постојат несогласувања, но двата пилоти работат на решавање на истите. Работата е толку сериозна, што го натера шефот на екипата, Тото Волф, да изјави дека ќе отпушти некој од возачите, доколку продолжат тензичните моменти.