Двократниот европски првак во автомобилски трки во категоријата ридско-брзински автомобилизам, Игор Иџе Стефановски, изјави дека е среќен што успева да достигне така големи резултати, а неговата главна амбиција е да го достигне светскиот врв.
Фернандо Алонсо уште еднаш ја покажа довербата во новиот проект на Мекларен Хонда, за кој вели дека е блиску да го достигне Мерцедес и да се носи рамо со рамо со големиот фаворит.
Трикратниот шампион на формула 1, Луис Хамилтон изјави дека воопшто не размислува за минатата сезона, кога ја освои титулата и дека е потполно мотивиран за успех и во оваа.
Започна одбројувањето од почетокот на овогодишното издание на Формула 1 шампионатот, кое ќе започне за нешто помалку од еден месец, со трката за големата награда на Австралија.
Со слоганот - „Болид за нови победи“, денес Ферари го претстави новиот болид за престојната сезона, со кој ќе се обидат да конкурираат на доминацијата на Мерцедес.
Индонезија го доби својот прв Формула 1 пилот, во името на Рио Харјанто, кој ќе биде втор возач во тимот на Менор, покрај Паскал Верлајн. Харијанто кој има финансиска подршка од својата земја успешно ги заврши неколку неделните преговори со раководството на Менор.
Со нетрпение се очекуваше новата средба на патеките помеѓу Валентино Роси и Марк Маркез. Тоа се случи на вчерашните тренинзи, кои се одржаа на патеката „Лагуна Сека“.
Дводецениското партнерство помеѓу Михаел Шумахер и неговиот спонзор „Дојче Фермегенсбератунг“ (ДВГ), деновиве е претворено во изложба насловена како „Михаел Шумахер - светски шампион - 20 години партнерство со ДВГ“.
Италијанскиот возач на Јамаха и можеби најголемиот шампион на сите времиња, Валентино Роси, за англиски „Sky Sports“ изјави дека никогаш нема да го заборави потегот на Марк Маркез, што го чинеше Италијанецот титула во претходната сезона.
По звукот на болидот на Ферари и Хонда, конечно го слушнавме и новиот звук на болидот на Мерцедес. Карактеристично за новиот агрегат на Мерцедес е тоа што издувните гасови излегуваат од два ауспуси.
Денес беа направени првите тестови на новата Мекларен Хонда MP4-31. По новитетите, направени во технолошкиот центар во Јапонија, Алонсо и Батон ја имаа првата проба на новиот и побрз болид.
Екипата на Хонда е една од последните екипи, кои ги претставија новите мотори за престојната сезона. Дани Педроса и Марк Маркез ја претставија новата Хонда RC213V, со која ќе атакуваат на титулата, а таа е во сопственост на нивниот сонародник, Хорхе Лоренцо.
Легендарниот Формула 1 возач, Алан Прост смета дека во шампионатот се потребни многу поголеми возбудувања за идната сезона. Французинот се надева дека Ферари ќе успее да му конкурира на Мерцедес, но и Мекларен да се врати барем близу до старата слава.
Има уште една недела до претставувањето на новиот болид на Ферари 2016 (19 февруари), а Италијанците не престануваат да шпекулираат за тоа каков ќе биде изгледот за новата сезона.
Откако неколку дена се шпекулираше за отстранување на неколку трки, денес и официјално беше потврден распоредот за престојната сезона во Мото ГП шампионатот.
Поранешниот пилот и сегашен советник во екипата на Ред Бул, Хелмут Марко, денес излезе со интересна констатација во однос на барањата на пилотите за поголема заштита. Австриецот вели дека пилотите заработуваат дури и премногу, а ризикот за смртен случај е сведен на минимум, па затоа не ги поддржува нивните барања.
Поранешниот пилот во Формула 1, Полјакот, Роберт Кубица, изјави дека многу му е тешко да го гледа шампионатот, но вели дека нема шанси да се врати повторно на патеката заради телесните ограничувања, со кои се здоби од повредата пред пет години.