Европскиот првак во амтомобилизам на ридски патеки, Игор Стефановски Иџе, кој оваа сезона ќе вози и во ЕТЦЦ шампионатот, од овој месец започна соработка со Државната видео лотарија на Република Македонија. За ваков чекор Државна видео лотарија на Република Македонија се одлучи поради одличните успеси на најдобриот македонски автомобилист во претходните години, како и поради општествено одговорна политика за поддршка и поттикнување на македонскиот спорт.