Луис Хамилтон на Мерцедес ќе стартува од пол-позиција за Големата Награда за Шпанија. Зад него трката ќе ја започне тимскиот колега Розберг, а Рикиардо ќе биде трет, покрај Верстапен кој имаше четврто најдобро време. Следуваат Фетел и Раиконен на Ферари, Ботас, Саинц, Перез и Алонсо до десеттото место.