Еден од најпознатите италијански весници „Corriere della Sera“ објави сензационална вест, во која се тврди дека Нико Розберг следната сезона ќе биде дел од тимот на Ферари. Маурисио Аривабене, кој ни самиот го нема обезбедено својот статус во тимот од Маранело, пак тврди дека тимот се фокусира на Кими Раиконен, што би значело дека Фетел ќе биде тој кој што ќе „извиси“.