• Еклстон: Денешната Формула 1 е вистинско ѓубре

    Англискиот магнат, Берни Еклстон, ја изрази својата разочараност кога е во прашање денешната Формула 1. Тој не знае што повеќе да им каже на екипите, за да ги прифатат новите правила на ФИА. Tие гласат дека треба да им се дадат покомпетитивни мотори на малите екипи, за натпреварувањето да биде поизедначено и поинтересно. Во интервју за специјализиран магазин на Островот, Еклстон исто така, даде свој поглед за нештата кои се случуваат во Формула 1, нарекувајќи го натпреварувањето вистинско ѓубре.

  • Рон Денис: Мекларен сеуште ги плаќа грешките од претходниот менаџмент

    Претседателот на Мекларен, Рон Денис, кривицата за лошите сезони, ја гледа во претходниот менаџмент, кој направи доста грешки на почетокот на 2013 година. 

  • Алфа Ромео повторно во Формула 1?

    Според пишувањата на одредени медиуми во Велика Британија, чија специјалност им се вестите од авто-мото спортот, постои голема веројатност Алфа Ромео, повторно да се врати во Формула 1, со цел да го подобри слабиот имиџ на компанијата.

  • Организаторот на ГН на Канада со огромни финансиски долгови

    Претседателот на организацискиот одбор на ГН на Канада, Франсоа Демонтие, денес ја потврди веста, која излезе во медиумите пред неколку дена, дека долговите на одборот се високи.

  • Еклстон: Мерцедес и Ферари можат да ја уништат Ф1

    Првиот човек на Формула 1 Берни Еклстон, мисли дека блокирањето на планот за воведување на евтин мотор во шампионатот, од страна на Мерцедес и Ферари е знак, дека тие не се грижат за иднината на спортот туку само за својот успех.

  • Розберг тврди: Хамилтон освои титула со моето најсилно оружје

    Германскиот возач на Мерцедес, Нико Розберг, никако да ја заборави сезоната и случувањата во неа. Се уште, како да е опседнат од својот клупски колега, Луис Хамилтон, со кого немаат најдобар однос. Тој тврди дека Британецот го искористил неговото најсилно оружје за да дојде до титулата.

  • Алонсо и Маркез ги сменија спортовите!

    Асот на Мекларен во Формула 1, Фернандо Алонсо, успеа да тестира мотор на Хонда од Мото ГП, заедно со Марк Маркез за време на денот на благодарноста во јапонската компанија.

  • Мерцедес тужи вработен заради злоупотреба на доверливи информации

    Екипата на Мерцедес покрена правна постапка против Бенџамин Хојл, поранешен член на инжињерскиот тим на германската екипа.

  • Раиконен и Фетел со најбрзи пит-стоп застанувања во 2015 година

    Екипата на Ферари ги имаше најбрзите застанувања во пит-стоп во изминатата сезона.

  • Презентирани календарите за Балканскиот мото шампионат

    Балканската Мото Унија, на настанот кој го организираше во Софија, ги претстави календарите за 2016 година, за мото дисциплините во ново организираниот Балкански шампионат, досега познат како Источно-Европски шампионат. 

  • Фетел: Мерцедес не е непобедлив

    Германскиот пилот во екипата на Ферари, Себастијан Фетел, вели дека неговата екипа може да го достигне нивото на Мерцедес, па дури и да има и подобар болид. Германецот беше одличен во својата прва сезона во италијанската екипа, со 3 победи и дури 13 подиуми. На крај, тој ја загуби борбата за второто место против Нико Розберг, но вели дека е убеден во перформансите на Ферари наредната сезона. Фетел беше презадоволен од подобрувањето што го направи Скудерија оваа зима. 

  • МФМ им оддаде признанија за најдобрите мотоциклисти за 2015 година

    Денес, во хотелот Александар Палас во Скопје, Мотоциклистичката Федерација на Македонија ги прогласи најдобрите мотоциклисти за 2015 година. На свечениот настан претседателот на МФМ, Зоран Наумовски им се заблагодари на присутните за поддршката и им ги честиташе признанијата на спортистите.

  • Газдата на Форс Индија спремен за пензија!?

    Индискиот бизнисмен и милијардер, Виџај Малиа вели дека е спремен за својата пензија, која би требало да се случи многу брзо. Тој вели дека размислувал да се повлечe од својот бизнис во Формула 1 шампионатот. Нeговиот тим би можел да заврши во рацете на Астон Мартин или Џони Вокер, за кои вели дека се најсериозни кандидати за купување на Форс Индија.

  • Розберг прв низ целта во Абу Даби, на пиедесталот и Хамилтон и Раиконен

    Возачот на Мерцедес, Нико Розберг, победи на трката за Големата награда на Абу Даби, со која заврши сезоната во Формула 1. Германецот на патеката „Јас Марина“, стигна до шестата победа во сезоната, вкупно 14. во кариерата. Тој ја водеше трката од почетокот до крајот, а место на победничкиот пиедестал изборија и светскиот првак Луис Хамилтон и возачот на Ферари Кими Раиконен. Хамилтон сезоната ја заврши со 381 бод, 59 повеќе од Розберг, а тре во генералниот пласман е Фетел со 278 бодови.

  • Батон: Да ја заборавиме првата година на Хонда, наредната ќе бидеме многу подобри

    Мекларен имаше големи проблеми на почетокот на новата ера со Хонда оваа година, а на повеќето трки, Батон и неговиот тимски колега Фернандо Алонсо останаа без освојување на бодови.

  • Рено во потрага по нов дизајнер за агрегатот во 2016 година

    Францускиот производител на мотори, Рено е во потрага по квалитетен стручњак, кој ќе помогне во развојот на моторите за наредната сезона. На изненадување на сите тоа би можело да биде Марио Илиен, кој би ја добил позицијата главен дизајнер на погонскиот агрегат за 2016 година, а веќе беше одбиен од Французите во текот на сезоната кога му понуди свои ресурси за развој на агрегатот.

  • Крај на 30-годишна соработка: Таг Хауер не е повеќе заштитен знак на болидите на Мекларен

    Вест на денот во Формула 1 светот  сигурно e прекинот на соработката помеѓу Мекларен и швајцарскиот бренд за часовници, Таг Хауер.

  • Нико Розберг доби орден за спортски успех од Принцот Алберт

    Возачот на Мерцедес, Нико Розберг беше одликуван со орден за спортски успех од страна на принцот Алберт, на церемонија во палатата на принцот. Многумина се прашуваа зошто токму Розберг го доби овој медал, кој се доделува по повод Националниот ден на Монако, на 19 ноември, особено поради тоа што Луис Хамилтон е новиот Ф1 шампион.

  • Вурц ја одби понудата на Манор

    Александар Вурц, поранешниот Ф1 возач, не ја прифати понудата да стане главен оперативец на Манор. Тој му се заблагодари на Фицпатрик кој е сопственик на британскиот тим Манор, за укажаната доверба и покана, со известување дека има други планови.

  • Ван Дер Гарде ќе биде тест возач на Пирели

    Поранешниот Ф1 пилот и тест возач на Заубер, Гидо Ван Дер Гарде потпиша договор со Пирели за да биде нивни тест возач. Тој веќе ги тестираше гумите на Пирели, но тоа го стори со ГП2 болидот, а сега и официјално ја доби улогата на тест возач за италијанскиот произведувач на гуми.

Pages