• Дани Педроса има даночен долг од осум милиони евра

    Шпанскиот мотоциклист во екипата на Хонда, Дани Педроса, се најде на листата на даночната управа на Шпанија, како должник на околу осум милиони евра на име данок.

  • Хамилтон: Постојат несогласувања со Нико, работиме на нивно решавање

    Светскиот шампион во Формула 1 шампионатот, Британецот Луис Хамилтон, свесен е дека односот со неговиот клупски колега, Нико Розберг не е на највисоко ниво. Тој признава дека постојат несогласувања, но двата пилоти работат на решавање на истите. Работата е толку сериозна, што го натера шефот на екипата, Тото Волф, да изјави дека ќе отпушти некој од возачите, доколку продолжат тензичните моменти.

  • Себaстијан Фетел на заслужен одмор

    Германскиот пилот на Ферари, Себастијан Фетел, ќе добие повеќе од заслужен одмор за време на празниците. Германецот планира да го искористи овој период за да биде со своите најблиски и фамилијата.

  • Ф1 тимот на Рено своите планови ги обелоденува во февруари

    Производувачот на автомобили, Рено кој пред неколку дена го обелодени враќањето во Ф1, сеуште не е спремен да ги објави сите детали околу структурата и начинот на функционирање на својот тим. Раководството на францускиот тим во текот на вчерашниот ден и официјално стана сопственик на тимот на Лотус со тоа што ги исплати сите обврски и долгови кон кредиторите.

  • Сабине Кем: Не е вистина дека Шумахер може да се движи

    Агентот на Михаел Шумахер, Сабине Кем, ги демантираше гласините дека седумкратниот шампион на Формула 1 може да оди и да ги подига рацете. Пред неколку дена во германските медиуми започнаа да кружат информации дека Михаел се чувствува подобро и дека тој може да се движи, но за жал тие не се точни.

  • Официјално: Рено го презеде Лотус

    Францускиот автомобилски гигант Рено, официјално го презеде Формула 1 тимот на Лотус и  со тоа го обелодени своето враќање во „најбрзиот циркус“ на светот, со договор до 2024 година.

  • Маркионе: Фетел е поголем „Ферариста“ од Алонсо

    Претседателот на Ферари, Серџио Маркионе, верува дека Себастијан Фетел направи многу повеќе за една сезона во италијанскиот тим, одколку Фернандо Алонсо за пет години поминати во црвениот болид.

  • Членовите на МК Мотори како дедомразовци на мотор ќе делат подароци

    Mото клубот Мотори од Скопје подготвува несекојдневно изненадување за најмладите во домот „Димитар Влахов“ во Скопје. Имено членовите на овој клуб ќе направат обиколка на Скопје облечени како Дедо Мраз, а потоа ќе поделат новогодишни пакетчиња за најмладите.

  • Монца во календарот на ФИА и по 2016 година

    Од Апенините стигнуваат позитивни вести околу останувањето на трката за ГН на Италија во Монца во календарот на Ф1 трките и по 2016 година. Тие вести стигнуваат поради промената на законот која ја направи италијанскиот парламент, со што ги зголеми шансите трката да остане во календарот на ФИА.

  • Официјално: Јагуар се враќа во автомобилските трки

    Како што и претходно се најавуваше, Јагуар ќе се врати во автомобилските трки, потпишувајќи договор со Формула Е.

  • Рон Денис: Најдоброто од Алонсо допрва претстои

    Првиот човек на Формула 1 тимот Мекларен-Хонда, Рон Денис, инсистира дека Фернандо Алонсо, допрва ќе стартува  со подобри возења и ќе реди успеси за неговиот тим.

  • Кејси Стонер тест возач на новиот Дукати

    Бившиот светски шампион во Мото ГП, Кејси Стонер, започнува со тест возења на новиот Дукати од 30. јануари, 2016 година.

  • Еклстон: Денешната Формула 1 е вистинско ѓубре

    Англискиот магнат, Берни Еклстон, ја изрази својата разочараност кога е во прашање денешната Формула 1. Тој не знае што повеќе да им каже на екипите, за да ги прифатат новите правила на ФИА. Tие гласат дека треба да им се дадат покомпетитивни мотори на малите екипи, за натпреварувањето да биде поизедначено и поинтересно. Во интервју за специјализиран магазин на Островот, Еклстон исто така, даде свој поглед за нештата кои се случуваат во Формула 1, нарекувајќи го натпреварувањето вистинско ѓубре.

  • Рон Денис: Мекларен сеуште ги плаќа грешките од претходниот менаџмент

    Претседателот на Мекларен, Рон Денис, кривицата за лошите сезони, ја гледа во претходниот менаџмент, кој направи доста грешки на почетокот на 2013 година. 

  • Алфа Ромео повторно во Формула 1?

    Според пишувањата на одредени медиуми во Велика Британија, чија специјалност им се вестите од авто-мото спортот, постои голема веројатност Алфа Ромео, повторно да се врати во Формула 1, со цел да го подобри слабиот имиџ на компанијата.

  • Организаторот на ГН на Канада со огромни финансиски долгови

    Претседателот на организацискиот одбор на ГН на Канада, Франсоа Демонтие, денес ја потврди веста, која излезе во медиумите пред неколку дена, дека долговите на одборот се високи.

  • Еклстон: Мерцедес и Ферари можат да ја уништат Ф1

    Првиот човек на Формула 1 Берни Еклстон, мисли дека блокирањето на планот за воведување на евтин мотор во шампионатот, од страна на Мерцедес и Ферари е знак, дека тие не се грижат за иднината на спортот туку само за својот успех.

  • Розберг тврди: Хамилтон освои титула со моето најсилно оружје

    Германскиот возач на Мерцедес, Нико Розберг, никако да ја заборави сезоната и случувањата во неа. Се уште, како да е опседнат од својот клупски колега, Луис Хамилтон, со кого немаат најдобар однос. Тој тврди дека Британецот го искористил неговото најсилно оружје за да дојде до титулата.

  • Алонсо и Маркез ги сменија спортовите!

    Асот на Мекларен во Формула 1, Фернандо Алонсо, успеа да тестира мотор на Хонда од Мото ГП, заедно со Марк Маркез за време на денот на благодарноста во јапонската компанија.

  • Мерцедес тужи вработен заради злоупотреба на доверливи информации

    Екипата на Мерцедес покрена правна постапка против Бенџамин Хојл, поранешен член на инжињерскиот тим на германската екипа.

Pages