Осум години по трагедијата во која животот го загуби Жил Бјанки, ФИА и Формула 1 ја повторија истата грешка. На патеката имаше возило кое го изнесуваше болидот на Карлос Саинц, без сите возачи да бидат свесни за тоа. Пјер Гасли за малку ќе удреше во тракторот кој со кран го кревал болидот на Ферари.