• Иван Димовски
Формула 1 често дава жестоки битки на патеките ширум светот, а така беше и на „Херманос Родригез“ на трката за Големата награда на Мексико. Победата ја однесе Карлос Саинц, а голема борба се водеше и далеку назад во поредокот.
Уште на стартот близок контакт имаа Лиам Лосон од Рејсинг Булс и Серхио Перез од Ред Бул. Мексиканецот настрада и доби штета на болидот, а низ трката уште неколку пати се среќаваа на патеката. Во еден момент Лосон го помина Перез на патеката и реши да му покаже среден прст.
На крајот двајцата завршија на дното во поредокот на оваа трка. Инаку, интересно е дека токму Лиам Лосон е еден од главните кандидати да го наследи Серхио Перез кој никогаш не бил поблизу до отказ во Ред Бул.