• Сашо Поповски

Папата Франсоа ја искористи посетата на Жан Тод во Рим, за да даде благослов за заздравување на легендарниот Михаел Шумахер.
Овој четврток, претседателот на светската автомобилска федерација (ФИА), Тод, беше специјален гостин на папата во Ватикан. Тој побарал од него благослов за неговиот долгогодишен пријател и соработник, Михаел Шумахер. Папата без размислување го прифатил барањето.
Легендарниот пилот на Формула 1 Шумахер е на домашно лекување во Швајцарија, поради несреќата од пред две години, која му се случи по пад во скијачкиот центар Марибел.