Заубер не учи од грешките: Сега Сутил го тужи тимот заради непочитување на договорот

Екипата на Заубер никако да научи од минатите грешки. Минатата година беше тужена од тогашниот возач, Гидо ван дер Гарде, а оваа година сличен случај има со германскиот возач, Сутил.

Сега екипата доби нова тужба, овојпат од Адријан Сутил, кој бара оштета од 3,5 милиони евра, по основа на непочитување на договорот, кој го потпишал со екипата. Наводно, пилотот од Германија, требало да биде дел од екипата, но на крај Заубер се одлучи за Маркус Ериксон и Фелипе Наср.

Екипата на Заубер се брани со фактот што Сутил ветил дека ќе донесе спозорства од преку 40 милиони евра за екипата, но на крај не го исполнил.