Зарко за нијанса побрз од Вињаљес, Милер стартува трет на „Силверстоун“

Зарко

Јохан Зарко ја освои пол-позицијата за утрешната трка за Големата награда на Велика Британија.

Францускиот возач со своето Дукати оствари време од 1:54.767 минути. На второто место се пласира Маверик Вињаљес, а од првиот ред ќе стартува уште и Џек Милер.

Фабио Квартараро, лидерот во генералниот пласман, оствари четврто најбрзо време. Следуваат Франческо Бањаја и Алеиш Еспаргаро.

Трката за Големата награда на Велика Британија се вози утре со почеток од 14:00 часот.