ВИДЕО: Започнува историското рели „Дакар“ - за првпат ќе се вози само во една земја!

Вечерва, по средноевропско време ќе започне 41-то издание на едно од најпрестижните рели натпреварувања - популарното рели „Дакар“.

Оваа сезона ќе биде и историска за рели маратонот, бидејќи за првпат ќе се вози само во една држава, а тоа значи дека сите трки ќе бидат реализарани на територијата на Перу. На трката учество ќе земат 334 екипи од 61 земја, а победникот на крајот ќе треба да мине вкупно 5.000 километри. Повеќе од половината од трката ќе помине низ пустината Сечура, а првата етапа ќе се вози од Лима до Писко во должина од 247 километри.

Оваа година ќе биде запаметена и по бројот на жените возачи, пријавени се вкупно 135. Трката ќе има пет категории, а на 17 јануари ќе бидат прогласени шампионите кај автомобилите, мотоцикли, камиони, „АТВ“ и „Баги“.