„За нашите херои“ –  Иџе ќе вози низ Скопје во чест на медицински лица, полицијата и армијата

Најуспешниот македонски автомобилист во историјата, Игор Иџе Стефановски, денес од 18:00 часот ќе вози низ празните улици на Скопје, во чест на сите оние кои неуморно се борат со вирусот ковид-19.

Двојниот европски шампион кој ќе вози по веќе одредена рута (Лисиче-Аеродром-Центар-Карпош) ги повика сите жители на овие општини да излезат на своите тераси во тој период и да дадат заедничка поддршка на медицински лица, полицијата и армијата.

„ИЏЕ СО ТРКАЧКОТО ВОЗИЛО ПО УЛИЦИТЕ НА СКОПЈЕ

ЗА НАШИТЕ ХЕРОИ

Ова се мигови кои би сакал никогаш да не се повторат. Улиците низ градовите на нашата држава, никогаш повторно да не бидат празни. Токму затоа, мудро да се вратиме во секојдневието. Нашите медицински лица, полицијата, армијата и сите наши сограѓани кои се нашите херои во овој период, со свој придонес направија полека, но сигурно, да излеземе победници од оваа битка. Затоа во нивна чест, јас и мојот тим ќе им дадеме поддршка, но и почит како големо признание за нивната пожртвуваност.

В понеделник во периодот од 18:00 низ скопските улици со тркачкиот автомобил ќе направиме промотивно возење на релација Лисиче-Аеродром-Центар-Карпош. Би сакале да ве поканиме сите заедно од вашите тераси, прозорци, ако сте во можност, со знамиња или аплауз да ги поздравиме нашите херои во битката против оваа пандемија. Ова е трасата по која ке се движиме, се гледаме“, напиша Иџе на социјалните мрежи. 

Иџе ќе вози со својот тркачки автомобил и која ќе биде неговата точна рута можете да видете на видеото кое што следува.