Вуков обезбеди пол-позиција на авто-трката во Кичево

Нашиот најдобар возач сезонава кој се натпреварува во македонскиот и српскиот шампионат, Ристо Вуков обезбеди прва стартна позиција и на втората трка во календарот за сезоната 2019 во Македонија.

На патеката во Кичево, Ристо Вуков имаше најбрзи времиња во двете квалификациски сесии, со што на утрешната трка ќе стартува прв на гридот.

Во првото возење, Рико оствари 1:16.767 минута, што беше за скоро две секунди побрзо време од следниот натпреварувач зад него. Во второто возење, тој ја помина целта за 1:16.184, што беше за една секунда побрзо од следниот резултат зад него.

На првите две трки во Македонија и Србија, возени во Кичево и Нови Сад, двете победи му припаднаа на Ристо Вуков, кој што сега атакува на двете титули, пред предизвикот ТЦР, што очекува комплетно да го изреализира и таму да се натпреварува следната цела сезона.