Вуков како 14-пласиран заврши во квалификациите на „Марко Симончели“

Македонскиот автомобилист Ристо Вуков настапи во квалификациите на патеката „Марко Симончели“ во Италија во рамки на Порше Карера ГТ3 Купот и истите успеа да ги заврши успешно.

Нашиот возач ги заврши квалификациите на четиринаесеттата позиција со време 1:37.297, а во циклусот учествуваа вкупно 23 возачи. За Рико ова ќе биде втора трка во Порше Карера шампионатот во деби-сезоната.

Првата трка се вози вечерва од 22:00 часот под рефлектори, додека втората е закажана в недела од 12:50 часот.