• Мартин Танасковски
Aвстралискиот возач Оскар Пиастри е победник на трката за Големата награда на Азербејџан и така членот на Мекларен со тоа стигна до својата втора победа во кариерата, втора исто така оваа сезона, по триумфот на Хунгароринг во Унгарија.
Тоа значи дека Мекларен го презеде водството во генералниот поредок на конструкторите од оваа трка, бидејќи од возачите на Ред Бул, само Макс Верстапен ја заврши трката на петтото место, додека Перез се повлече поради инцидент со Саинц на два круга пред крајот.
Второто место го зазеде Чарлс Леклер кој и по четвртата пол-позиција во Баку не успеа да победи на оваа патека, а третото на крајот, со малку среќа, го освои Џорџ Расел.
На оваа трка до бодови стигнаа и Ландо Норис, кој трката ја започна од 16-то место и цели 38 круга возеше на тврди гуми. Петти е веќе споменатиот Макс Верстапен. Алонсо беше шести, па следеа Албон, Колапинто, Хамилтон и Берман.
Следната Ф1 трка се вози на 22 септември во Сингапур.