Втора етапна победа и лидерство за Себастијан Леб на релито Дакар

Себастијан Леб на релито „Дакар 2016“

Себастиен Леб стигна до втората последователна етапна победа на релито „Дакар 2016“, убедливо тримфирајќи на третата етапа, со што се зацврсти како лидер во генералниот пласман

Деветкратниот ВРЦ шампион вчера ја освои првата целосна етапа на релито. Денешната трета етапа долга 664 километри беше скратена на 626 километри со 190 километри специјална етапа, на која се мереше време од Термас де Рио Ондо до Хухуј во Аргентина. Леб покажа изджливост и карактер и се наметнува како фаворит дури и за финална победа.

Во пласман на мотоцикли, Жоан Бареда на Хонда ја декласира конкуренцијата за да го преземе водството во генералниот пласман. Шпанецот Бареда беше дури три минути побрз од останатите кои завршија на пиедесталот. 

Генерален пласман:
Автомобили:

1. Себастиен Леб (Фра) - Пежо 6:01:42
2. Жиниел де Вилиер (ЈАР) - Тојота +5:03
3. Стефан Петерхансел (Фра) - Пежо +5:15

Мотоцикли:
1. Жоан Бареда Борт (Шпа) - Хонда 6:26:50
2. Штефан Свитко (Свк) - КТМ +0:14
3. Кевин Бенавидес (Арг) - Хонда +0:48