• Иван Димовски
Македонскиот автомобилист Игор Стефановски-Иџе успеа одново да се избори за место на подиумот, овојпат освојувајќи го второто место на трката во португалскиот град Брага.
Стефановски со своето „Ферари 488“ заврши на второто место во категоријата во која се натпреварува, што ќе му донесе нови бодови и ќе го одржи неговиот добар настап.
Ова е втор подиум за Иџе во тековната сезона на третата трка. Тој беше третопласиран на првата трка во Австрија, а потоа на втората во Шпанија се пласира едно место подолу. Така, второто место во Брага е досега најдобар пласман за Стефановски во сезоната. Во својата категорија големи се шансите Македонецот да го задржи водството пред конкуренцијата.
Игор Стефановски минатата сезона беше европски првак, а во оваа се бори во друга категорија бидејќи се реши за далеку посилен и поелитен автомобил.