Втор пиедесетал за Иџе на легендарната Имола

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски - Иџе втор ден по ред се искачи на пиедесталот на легендарната Имола во Италија. Тој го освои второто место на втората предвидена трка, што се надоврзува на третата позиција, освоена вчера попладне. 

Џакопо Гвидети беше казнет со пад за едно место и тоа го искористи нашиот Стефановски да се искачи една позиција погоре во класификацијата. Салваторе Тавано е победник на трката во Имола, со што ја зголеми предноста во генералниот пласман на два викенди пред крајот на сезоната. 

Иџе освои нови бодови и се надева дека ќе го повтори успехот и во следните две трки и сезоната ќе ја заврши со рекордно постигнување.