Возачите се жалат: На патеката во Лас Вегас мириса на марихуана

Возачот на Ред Бул, Серхио Перез се пожали на „впечатливиот“ мирис кој се шири низ Лас Вегас пред неделната трка во Формула 1.

Во петокот, во разговор со новинарите, Серхио Перес рече дека целата патека мириса на марихуана.

„Малку сум уморен од тоа, неверојатна е количината. Мислам дека тоа е нешто за што ние возачите дефинитивно ќе зборуваме“, изјави Перез.

На истиот проблем се пожали и Франко Колапинто.

„Мирисот на марихуана се чувствува насекаде. Да не тестираат сега, мислам дека сите ќе бидеме позитивни на марихуана, ви се колнам“, изјави Колапинто.

Формула 1 по вторпат се вози во Лас Вегас. Минатата година славеше Макс Верстапен, а во петокот Луис Хамилтон доминираше на првите тренинзи.