Возачите на Ферари незадоволни од стратегијата во Унгарија

Последната трка пред летната пауза во Формула 1 доведе до нова драма. Макс Верстапен успеа од десеттото место да дојде до триумф, користејќи ги грешките на ривалите. Нов катастрофален ден имаше Ферари, иако двајцата возачи во првиот дел од трката беа одлични и во пол-позиција за победата. 

Сепак, тактичките определби на италијанскиот тим одново беа кобни. Тие погрешија со распределбата на пневматиците на Леклер, а беа спори при менувањето кај Саинц, што многу ги чинеше младите возачи. По трката, двајцата јавно ја критикуваа работата на својот тим. 

„Не знам зошто ме пратија на патеката со тврди гуми. Немам одговор на тоа. Стратезите ја работеа својата работа, меѓутоа не разбирам и чека објаснување. На почетокот сè одеше како што треба и средно-тврдите гуми одлично функционираа. Ќе разговараме интерно и ќе се обидеме да се поправиме во иднина“, изјави Леклер. 

Токму Шарл Леклер по оваа трка и дефинитивно отпадна од комбинација за титулата, оставајќи го Верстапен на врвот со 80 бода предност. Од друга страна, Карлос Саинц беше поблаг во својата изјава. 

„Очигледно беше дека тимот се мачеше. Моите пит-стопови беа спори и ме чинеа многу време. Имавме секакви проблеми сезонава, а сега нè „издадоа“ и пит-стоповите. Сакаме да бидеме подобри по паузата. Очекувавме да го имаме темпото од петокот, но температурите паднаа и тоа не му одговараше на болидот“, смета Шпанецот.

Сега пред Формула 1 тимовите е речиси едномесечна летна пауза. Следната трка за Големата Награда на Белгија е закажан за последниот викенд на август.