Волф: Разделбата на Ферари и Раиконен е голема загуба за Ф1

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, ја коментира одлуката финскиот возач Кими Раиконен да си замине од Ферари и да направи трансфер во редовите на Заубер.

Тој смета дека заминувањето на Раиконен од италијанскиот тим е голема загуба за Ф1, затоа што тој нема да биде веќе конкурентен за титулата.

„Фактот што Кими нема да вози болид кој ќе се натпреварува за титула, за мене е голема загуба за овој спорт.. Тој е голема личност. Но, Раиконен има и свои принципи. Јас сум сигурен дека заминувањето на Раиконен ќе биде голема загуба за сите нас што сме дел од овој спорт“, изјави Волф.

Местото на Раиконен во Ферари ќе го добие младиот возач Чарлс Леклерк.