Волф негира дека Мерцедес сака да го доведе Верстапен

Верстапен

Поради нејасната иднина на Луис Хамилтон во Формула 1 шампионатот и договорите на една година со Валтери Ботас, се појавија шпекулации дека Мерцедес веќе размислува за нивната замена.

На радарот на актуелниот првак во конкуренција на екипи е Макс Верстапен, кој е дел од Ред Бул и има активен договор до 2021 година.

Сепак, првиот човек на Мерцедес, Тото Волф, одби секаква поврзаност со темпераментниот Холанѓанец.

„Ниту сум го имал, ниту го сакам телефонскиот број на Макс. По успесите во последните години со актуелниот состав на пилоти, апсурдно ќе биде да помислуваме за промени. За сезоната по 2020 година најпрво ќе зборуваме со Валтери и Луис, а дури потоа ќе размислуваме за евентуални промени. Не знам од каде излегуваат овие информации“, вели Волф.

Верстапен важи за еден од најталентираните возачи на денешницата кој е единствениот кој стои меѓу Мерцедес и Ферари во генералниот пласман во новата сезона.