Волф: Хамилтон немаше да биде шампион без Ботас

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, смета дека Луис Хамилтон немало да е шампион оваа сезона во Ф1 без помошта од клупскиот колега Валтери Ботас.

Британецот втора година по ред е на тронот, а оваа година ја доби битката со Себастијан Фетел од Ферари.

„Мерцедес немаше да биде шампион меѓу тимовите, а и меѓу возачите да не беше Валтери Ботас. Иако имаше лоша среќа, тој не дозволи ниеднаш тоа да се одрази на тимот. Кога некој ги губи шансите за титула често е демотивиран, што не беше случај кај Ботас. Тој се бореше и го поддржуваше тимот до самиот крај“, изјави Волф.

Новиот Ф1-шампионат стартува во март, со трката за ГН на Австралија.