Волф: Формула 1 треба да се срами ако Хамилтон замине во пензија

Тото

Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф, одново испрати критика на сметка на Формула 1. Според него, челниците на спортот треба да се срамат, ако нивните одлуки од трката во Абу Даби се причина за пензионирањето на Луис Хамилтон.

Последната трка од ланската сезона заврши со драматична победа на Макс Верстапен, кој во последниот круг ја „украде“ титулата од рацете на Британецот.

„Без разлика каква препрека му беше фрлена, тој цел живот знае дека мора да го каже својот збор на патеката. Но, неверојатно му е тешко додека не најде начин да разбере што е правилно и што не. За тоа е потребно само време.

Навистина се надевам дека ќе го видиме повторно. Тој е најважниот дел од нашиот спорт. Би било срамота за цела Формула 1 ако најдобриот возач реши да се пензионира поради навредливи одлуки“, вели Волф.

Новата сезона во Формула 1 започнува во март, а засега не е јасна иднината на Хамилтон, кој одбива јавно појавување по трката во Абу Даби.