Водно нуди супер-интересни трки во шест класи, ќе вози и Иџе

Трките на Водно ќе се организираат и оваа година, а љубителите на авто-мото спортот ќе имаат шанса да уживаат во вкупно шест класи.

На 37. ридската трка на Водно, ќе се вози „Твинго Куп“ во кој има пријавено девет возачи, „Југо до 1150“, класа во која исто така ќе има девет возачи, Класа 3 до 1400 кубика каде ќе учествуваат четворица, Класа четири до 1600 кубика во која возат десет имиња, Класа пет до 2000 кубика со вкупно 11 пријавени возила, како и Класа осум, над 2000 кубика, каде ќе возат тројца, меѓу нив и нашиот најуспешен автомобилист, Игор Стефановски - Иџе.

На трката учество ќе земат како домашните, така и возачи од странство. Трката на Водно ќе се вози на 20 и 21 јули.