• Иван Димовски
Формула 1 во новата сезона ќе влезе со нови регулации за болидите. Тоа значи целосна промена на постоечкиот концепт, нови возбудувања и прашалници кој ќе успее да го погоди концептот.
Од ФИА ги формираа промените така што новите болиди би донеле зближено тркање, повеќе возбудувања и шанси за претекнување. Најголемите промени се околу ДРС системот кој замина во историјата, но намалени се и самите болиди.
- Промени на болидите од 2026 година:
- Главната промена е во големината на болидите, ќе бидат десет сентиметри потесни и 20 сентиметри пократки.
- Се воведуваат компоненти на крилата за активна аеродинамика
- Се менува погонската единица, ќе има електричен мотор, а 1,6л турбо хибрид форматот останува
- Промени на подницата за намалување на „downforce“
- Нема повеќе да се користат фосилни, туку одржливи горива
- ДРС системот замина во историјата, ќе го смени МОМ кој ќе работи на поинаков систем преку полнење на батеријата
- Направени се подобрувања на сигурноста
- Видео објава посветена на промените:
Meet the 2026 evolution of Formula 1.#F1 pic.twitter.com/5WpMonkQzV
— Formula 1 (@F1) December 17, 2025
Новата сезона во Формула 1 ќе започне во март, традиционално со трката во Мелбурн.