Вињалес ја освои „Асен“ пред Маркез, пад на Валентино Роси

Шпанскиот возач Маверик Вињалес е победник на трката за ГН на Холандија која се возеше на патеката „Асен“.

Членот кој ги брани боите на Јамаха заврши на лидерското место, пред Марк Маркез од Репсол Хонда и пред човекот кој тргна од пол-позицијата, Фабио Квартараро од Јамаха.

Трка за заборав имаше еден од најдобрите возачи во МотоГП, Валентино Роси, кој не успеа да заврши затоа што падна. 

За Вињалес ова беше прва победа сезонава и сега тој има 65 бода на своето конто. Во генералниот пласман лидер останува Марк Маркез со 160 бода, пред Андреа Довициозо кој заостанува 44 бода.

Наредната трка во МотоГП шампионатот се вози во Германија на 7 јули.