Вилијамс го претстави новиот болид, клупските бои и богатиот спонзор

Тимот на Вилијамс денес ги претстави само боите додека автомобилот – „FW42“, а тој за јавноста ќе биде обелоденет за една недела само на патеката Каталуња, каде пилотите на  британскиот тим ќе ги започнат вообичаените тестови во пресрет на новата сезона.

Вилијамс претстави нов спонзор, а тоа е на американската телеком компанија – „Rockit“ што значи дека Формула 1 екипата ќе се вика – „ROKiT Williams Racing“.

Ќе бидат променети и боите на болидот кои во последниве години беа со доминатна бела комбинација. Компанијата која произведува мобилни телефони е спонзор и на Хјустон Рокетс во НБА и Лос Анџелес во НФЛ.