Виктор Давидовски до подиум на последната трка во ТЦР Европа!

Македонскиот автомобилист Виктор Давидовски направи голем подвиг и заврши на подиумот на последната трка во сезоната на ТЦР Европа. 

На втората трка во Валенсија, Македонецот успеа да финишира на третото место, со што си обезбеди место на подиумот. Давидовски имаше нешто повеќе од две секунди побавно време од првопласираниот Каирет, а втор беше Волт. 

Претходно на првата трка Давидовски финишира на осмото место, додека победата ја однесе неговиот тимски колега Франко Џиролами кој е водечки во генералниот пласман. 

Што се однесува до Виктор Давидовски, тој е водечки во дајмонд категоријата, односно деветти во генералниот пласман со 178 бода.