Викендов Формула 1 со изменет грид, Џорџ Расел ќе го менува Хамилтон

Викендов во Формула 1 ќе се вози со изменет грид на возачи, поради судирот на Грожан и позитивниот тест на Луис Хамилтон на коронавирусот. 

Така, младиот Џорџ Расел ќе добие прекоманда од Вилијамс Мерцедес во АМГ и ќе има тешка задача да го надополни отсуството на шампионот. Расел важи за талент, па останува да видиме како ќе се покаже во супер-брзиот болид на Мерцедес. Од друга страна, во Вилијамс оваа недела ќе се појави Џек Аиткен кој ќе го вози болидот на Расел. Оваа промена дојде поради одлуката на Мерцедес да даде шанса на поискусен возач и да не ги користи резервните и го повлече Расел во силниот тим. 

Исто така, на патеката во Бахреин ќе се појави и Пиетро Фитипалди кој ќе го замени отсутниот Роман Грожан кој имаше страотна несреќа и многу веројатно ги заврши своите настапи во тимот на Хас. 

Трката за Големата Награда на Сакхир ќе се вози викендов на истата патека од минатиот во Бахреин, а тоа што е сигурно е дека може да се очекува спектакл и сите опции се отворени во отсуство на Хамилтон.